29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛиберти Скопје го прославува членството во ГФГ Алијансата

Либерти Скопје го прославува членството во ГФГ Алијансата

Меѓународниот индустриски и метал претприемач Санџив Гупта денес го пречека Либерти Скопје во ГФГ Алијансата и ја претстави својата визија за интегрирање на фабриката со глобалните бизниси на ГФГ.

Во присуство на Кочо Анѓушев, заменик премиер на Северна Македонија и Рејчел Галовеј, Британската амбасадорка, г-дин Гупта им се придружи на вработените и околу 130 гости за официјално да ја пречекаат скопската челичана во семејството на ГФГ. Либерти Скопје беше превземена на почетокот на јули, заедно со шест други големи челичани и пет сервисни центри низ седум европски земји. Договорот од 740 милиони евра го направи Либерти Стил да биде еден од првите десет производители на челик на глобално ниво, со исклучок на Кина, со вкупен капацитет на валање кој надминува 18 милиони тони што опфаќа широк спектар на готови производи.

Либерти Челик Континентална Европа има за цел да ја направи фабриката со 474 работници важен дел од широкиот ланец на снабдување со производство, кој обезбедува материјали и компоненти за индустријата ширум Европа. За да се започне тој процес, Либерти веќе формираше техничка работна група за да ги разгледа потенцијалните синергии со Либерти Магона и нејзините работи со челик во Пиомбино, Италија.  Фабриката во Скопје има капацитет за производство од 750 илјади тони ладно валан челик, 200 илјади тони галванизиран челик со топли натопи, како и 77 кт на органски обложен челик за градежни и индустриски клиенти. Либерти Скопје држи долгорочен рекорд за производство на производи со висок квалитет, како што се органски обложени челици што се користат за профили на покрив или сендвич-панели, како и поцинкувани челици за структури. Друга предност на фабриката во Скопје е нејзината силна врска со Либерти Галати, со тоа што сестринската фабрика во Романија обезбедува високо квалитетни влезни материјали.

Завршувањето на превземањето предизвика почеток на 100-дневен преглед во текот на кој високи извршни директори од Либерти Челик Континентална Европа работеа со менаџерскиот тим во Скопје, синдикатите, клиентите и добавувачите, за да се заврши сеопфатната анализа на деловните активности Ова им овозможи да ги истражат можностите за инвестирање и да развијат детални планови за зајакнување на конкурентноста, проширување на опсегот на производите и поддршка на растот на продажбата. Со процесот започнаа да се распределуваат инвестициски фондови во текот на следните години за поддршка на активностите за подобрување.

Саџив Гупта, извршен претседател на ГФГ, соопшти: „Ние сме навистина горди што ги пречекавме стотиците квалификувани и посветени кадри во Скопје во ГФГ семејството. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно со Волфганг и неговиот тим за да создадеме светла и одржлива иднина за нашата алијанса и нашата индустрија.“

Волфганг Марингер, извршен директор на Либерти Скопје изјави: „Ние сме многу среќни што се приклучивме на ГФГ семејството и уживавме да работиме со Санџив и неговиот динамичен тим. Нивното искуство во челичната индустрија и нивниот ентузијазам како помош да ја обноват  благосотојбата во Скопје е фантастично, и со нетрпение очекуваме да инвестираме и да ја развиваме иднината на нашиот бизнис.”

Кочо Анѓушев, вицепремиер на Северна Македонија изјави: „Ваква компанија е посакувана како инвеститор во нашата држава и тоа само се надеваме дека апсолутно обезбедува иднина на овој производствен капацитет“.

Амбасадорката на Обединетото Кралство Н.Е. Рејчел Галовеј дополнително изјави : „Ни претставува задоволство да видиме ваква британска инвестиција денеска во Северна Македонија од страна на Либерти Скопје дел од Либерти Хаус Груп со седиште во Лондон. Економскиот развој е клучен за стабилно и безбедно општество. Се надеваме дека ќе гледаме се повеќе вакви инвестиции.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП