24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle инвестира уште три милијарди евра во европски дата центри

Google инвестира уште три милијарди евра во европски дата центри

Американската компанија Google ќе инвестира дополнителни три милијарди евра во проширувањето на своите дата центри во Европа.

Тоа го соопшти денеска извршниот директор на компанија Сундар Пичаи на конференција за новинари во Финска.

Инвестицискиот план вклучува дополнителни 600 милиони евра инвестиција во Google центар за складирање на податоци во финскиот град Хамина, со што вкупната вредност на инвестицијата во тој центар ќе достигне две милијарди евра, изјави финскиот премиер Анти Рине на заедничката конференција за новинари, а објави агенцијата Reuters.

Останатите Google дата центри се наоѓаат во Холандија, Ирска и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП