Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Ангеловска: MojДДВ не е „играње со технологијата“ – да не е технологијата нема ниту да одиме напред, ниту да ги задржиме младите тука

Време: 09:09

Датум: септември 20, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Да не се технологиите нема да има ниту фискална транспарентност, ниту следење на јавниот долг, ниту фискална дисциплина, ниту младите ќе ги задржиме во земјата, ниту ќе успееме да ја придвижиме земјава напред. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска реплицирајќи на комисиската расправа за ребалансот на буџетот во Собрание, на тврдењето дека мерката „МојДДВ“ е играње со технологија. Таа исто така истакна дека „МојДДВ“ е само една мерка од сеопфатна стратегија за решавање на сивата економија.  

-За „МојДДВ“ кажавте една реченица за која мене искрено како нова генерација, како миленијал ми сметаше, а тоа е дека си играме со технологии. Да не се техологиите, нема да има ниту транспарентност, ниту следење на јавен долг, ниту фискална дисциплина, ниту ќе одиме напред, ниту младите ќе ги задржиме во земјата ако не се технологиите. Велите зошто не сте го намалиле ДДВ-то. Порано беше „Фискална во рака, награда без мака“ – зошто тогаш не беше намалено ДДВ-то. Тогаш фискалните се испраќаа во плик и се доделуваа станови. Ја користевте како мерка за да адресирате проблем со која мислевте дека ќе ја решите сивата економија. Не. Тоа е само еден мал дел. И МојДДВ е само една мерка. Има стратегија и ќе ја решаваме сивата економија – рече Ангеловска.

Инаку со ребалансот на буџетот се обезбедуваат 300 милиони денари за мерката МојДДВ чија прва исплата ќе биде за неполни три месеци. Со мерката МојДДВ физичките лица преку собирање на своите фискални сметки и пријавување до даночниот орган имаат право на враќање на дел од ДДВ, односно 15% од данокот искажан во фискалните сметки. Оваа мерка ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе вилјае врз зголемување на потрошувачката и на наплатата на ДДВ, како и врз намалување на даночната евазија и сивата економија.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Александар „Велики“ Волкановски го „кани“ Конор на борба на „островот“

    Александар „Велики“ Волкановски го „кани“ Конор на борба на „островот“

    Конор Мекгрегор повторно доби понуда за меч за титула, овојпат од УФЦ шампионот во перо категорија, Австралиецот со македонско потекло, Александер „Велики“ Волкановски. Ирската ММА…

  • Роналдо бил пред потпис со Милан пред „превратот“?

    Роналдо бил пред потпис со Милан пред „превратот“?

    Масимилијано Мирабели, поранешниот спортски директор на Милан, тврди дека Кристијано Роналдо бил пред потпишување со „росонерите“ во 2018 година, пред да се случи „превратот“ во…

  • Од денеска поевтини цени на горивата

    Од денеска поевтини цени на горивата

    Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинија за половина денар, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на полноќ малопродажните цени на еуросупер…

  • СЗО: Нема докази дека корнавирусот сега е послаб

    СЗО: Нема докази дека корнавирусот сега е послаб

    Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат експертите од Светската здравствена организација…

  • Во Шкотска пронајдена фосилизирана стоногалка, најстарото познато копнено животно

    Во Шкотска пронајдена фосилизирана стоногалка, најстарото познато копнено животно

    Фосилизирано суштество слично на стоногалка е откриено во Шкотска и може да претставува најстарото познато копнено животно, скромен пионер на животот на Земјата пред 425…

  • Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

    Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

      Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат. Превозниците треба да водат сметка и…

  • Претпладне сончево со мала облачност, попладне дожд

    Претпладне сончево со мала облачност, попладне дожд

    Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има појава на локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи.…

  • За еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед

    За еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед

    За само еден ден од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети во Град Скопје се поднесени 696…

  • Шпанија очекува помош од 140 милијарди евра

    Шпанија очекува помош од 140 милијарди евра

    Шпанскиот премиер, Педро Санчез се надева дека неговата земја ќе добие 140 милијарди евра од пакетот помош на ЕУ. ЕУ би требало да позајми 750…

  • Компаниите во Австрија очекуваат нормализација дури на почетокот на 2021 година

    Компаниите во Австрија очекуваат нормализација дури на почетокот на 2021 година

    Австриските компании, после кризата од пандемијата од коронавирус, очекуваат нормализирање на бизнисот дури на почетокот на следната година. Четири од пет компании во Австрија се…