29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Airbnb надминаа милијарда, изнајмувачите заработиле 80 милијарда долари

Приходите на Airbnb надминаа милијарда, изнајмувачите заработиле 80 милијарда долари

Платформата за изнајмување на станови Airbnb објави дека нејзините приходи во вториот квартал по втор пат од основањето надминале милијарда долари.

Прв пат им “тргнa од рака” во вториот квартал од минатата година.

Податоците за профитабилноста за вториот квартал не се објавени, како ни вкупните годишни приходи во 2018 година.

Reuters објави дека приходите на Airbnb во 2017 година скокнаа за 50 проценти, надминувајќи 2,5 милијарди долари. Претходно од компанијата соопштија дека во 2017 и 2018 година остварија позитивен резултат во ставката добивка пред камата, даноци, депресијација и амортизација (EBITDA), ​​не наведувајќи прецизни суми.

Во најновиот извештај, објавен во средата, наведоа дека до 15 септември изнајмувачите регистрирани на нивната платформа со споделување на станови преку апликацијата заработиле повеќе од 80 милијарди долари.

До 1 јуни наплатени се повеќе од 1,6 милијарди долари туристички такси, а бројот на огласи за изнајмување на станбен имот во повеќе од 100.000 градови низ светот надмина во меѓувреме седум милиони, наведуваат во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП