ЕКОНОМИЈА

Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2019 година.

Од вкупно 101 компанија, 73 завршиле со добивка, 27 компании завршиле со загуба, а една нема објавено резултати за првото полугодие од 2019 година.

По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 1.054.339.000 денари Стопанска банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува НЛБ банка АД Скопје со добивка од 963.243.000 денари и на третото место е Македонски Телеком АД Скопје со добивка од 880.788.000 денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Комерцијална банка АД скопје, Цементарница УСЈЕ, Алкалоид АД Скопје, Мермерен комбинат, Охридска банка, Макпетрол и УНИ банка.

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.