2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВонреден сервис за 840.000 возила на Chrysler

Вонреден сервис за 840.000 возила на Chrysler

kola

„Chrysler“ најави дека ќе повлече преку 840.000 автомобили, првенствено во САД поради недостаток во седиштата, како и во воздушните перничиња.

Компанијата која 58.5 проценти е во сопственост на „FIAT“ прецизираше дека кај 490.000 возила е можен недостаток во микроконтролерите кај активните наслони за глава, додека кај 282.000 автомобили постои можност да се јави проблем во функционирањето на воздушните перничиња.

Покрај тоа на околу 69.000 автомобили постои можност да се појави проблем со софтверот за контрола на стабилноста на возилото.

Претставниците на „Chrysler“ објаснија дека ќе ги повикаат сопствениците на овие возила на вонреден сервис се со цел да го почитуваат протоколот на компанијата за контрола на квалитетот на возилата.

Повикот ги опфаќа моделите „Chrysler Sebring“, „Chrysler 200“, „Dodge Avenger“ и „Jeep Liberty“ (сите произведени од 2011-та до 2013-та) и „Dodge Nitro“ (2011-2012.). Најголем број на автомобили кои ќе се повлечат се во САД или вкупно 712.250 единици.

Во јуни повик за вонреден сервис за 2.7 милиони возила имаше и „Jeep“ кој исто така работи во рамките на групацијата „FIAT-Chrysler“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП