Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев, стигнавме и до втората, овојпат драматична од 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) над домаќинот Словенија.
Во првиот сет, момците започнаа фантастично, поведувајќи со 5:1, пред домаќините да се вратат во игра, но предноста беше направена. Вториот сет беше уште подраматичен, откако го добивме со 30:28, по што следуваше падот во формата и дозволивме Словенија да го освои третиот сет.
Во четвртиот сет, Словенците беа подобри на почетокот и имаа две сет-топки, но во фантастичен пресврт ги добивме со 26:24 за да ја запечатиме победата со која ги задржуваме шансите за пласман во осминафиналето и можеме само да жалиме за пропуштените шанси за победа над Финците, а и против Турците.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
ГРУПА Ц
Македонија – Словенија 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24)
Турција – Белорусија 20.30 ч.
Табела: 1.Русија 12, 2.Словенија 9, 3.Македонија 6, 4.Финска 4, 5.Турција 3, 6.Белорусија 2