27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France - авиокомпанија со највисок индекс за одржлив развој

Air France – авиокомпанија со највисок индекс за одржлив развој

Авио групата Air France-KLM објави дека таа компанија добила признание за авиокомпанија со највисок индекс на одржлив раст според компанијата Dow Jones која се занимава со истражување на пазарот.

Како што се наведува во соопштението, тие веќе петнаесет години по ред се наоѓаат меѓу водечките компании во оваа област, а оваа година го зазедоа првото место прeпишувајќи се на различните активности кои ги презедоа.

Некои од акциите се пошумување на 312 хектари земјиште во Панама според програмата CO2ZERO, потоа набавка на Boing 787-10 Dreamliner, кој произведува помалку бучава и има помала емисија на јаглерод диоксид, користи биогориво, но и засадување над 85.000 дрвја, како и одлука до крајот на 2019 година да исфрлат 1.300 тони пластични предмети за еднократна употреба и да ги заменат со одржливи алтернативи.

Севкупно, се истакнува, групата Air France-KLM ја намали емисијата на јаглероддиоксид за над 20 проценти во однос на 2011 година, а од март 2020 година, KLM дури откажа еден од дневните летови од Брисел за Амстердам и тоа не од економски причини, туку да ги натера луѓето повеќе да ја користат железницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП