26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечка НЛБ ја купува најголемата државна банка во Србија?

Словенечка НЛБ ја купува најголемата државна банка во Србија?

Најдобрата необврзувачка понуда за државниот пакет на акции за Комерцијална банка АД Београд, кој сочинува 82,23 проценти од вкупно издадените обични акции на оваа банка, е 450 милиони евра, дадена од словенечката НЛБ банка, пишува српскиот весник Данас.

Весникот пишува дека другите две понуди за најголемата државна и втора најголема банка на пазарот ги дале домашната AIK банка 430 милиони евра и австриската Raiffeisen банка 390 милиони евра.

Комерцијална банка АД Београд ги вреднува сите 100 проценти од банката на околу 550 милиони евра, при што локалните медиуми пренесуваа дека надлежните власти би биле задоволни со 500 милиони евра за банката, пишува Данас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП