23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ''Крпи закрпи'': Microsoft сакаше да ги реши старите, па на корисниците им...

”Крпи закрпи”: Microsoft сакаше да ги реши старите, па на корисниците им создаде нови проблеми

Изгледа дека софтверскиот пакет за Windows 10, кој требаше да реши одредени проблеми на тој најраспространет оперативен систем во светот, успеа на корисниците да им создаде нови проблеми…

Ажурирањето направено на 10 септември, под ознака KB4515384, требаше да ги „поправи“ проблемите со личниот асистент на Cortan, како и пребарувањето во самиот Windows 10.

Иако успеа да ја отстрани грешката поради кое пребарувањето во Windows уште повеќе го оптоварува процесорот, новата „лепенка“ оневозможи некои од клучните карактеристики на тој оперативен систем.

Откако е инсталирана надградбата, пребарувањата во Start менито и лентата со задачи престанаа да работат, па наместо во резултатите од пребарувањето, во Start менито се појавува празен прозорец.

Некои корисници на Reddit се пожалија дека имаат порака за грешка, во која се наведува дека Start менито веќе не функционира, како и дека системот ќе се обиде да ја поправи грешката при следното најавување.

Во Microsoft сега работат на нова „лепенка“ за – „лепенка“. Се надеваме дека таа ќе пристигне наскоро, бидејќи спротивно, корисниците кои ја инсталираа најновата надградба, ќе мораат уште некое време да се справат со своите „диви“ процесори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП