20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНеизвесна иднината на компанија стара 178 години: Милијарда евра за опстанок

Неизвесна иднината на компанија стара 178 години: Милијарда евра за опстанок

Во Велика Британија се случува драма со најстариот тур оператор во светот, компанијата Thomas Cook, стара 178 години.

Потребни се милијарди евра за компанијата Thomas Cook, која прва во светот организираше патувања во вид на туристички аранжман во далечната 1841 година, продолжи да постои и по овој септември.

Постара од оваа компанија е Cook и Kings (над 260 години постоење), но оваа компанија беше задолжена за организација на патувања на воени лица од Англија до Индија и првично не се занимавала со класични туристички патувања.

Thomas Cook денес се соочува со најголемата криза во својата историја. Оваа компанија е во преговори со кинески инвеститор кој би требало да инвестира околу милијарда евра за да продолжи да постои.

Неизвесноста за договорот со Кинезите ги принуди државните регулаторни органи да започнат со подготовките ако Thomas Cook прогласи банкрот до крајот на септември кога имаат рок да постигнат договор. Во компанијата има и авиокомпанија, па поради тоа е алармирана британската дирекција за цивилно воздухопловство, која веќе работи на подготовка на план за превоз на илјадници туристи кои би можеле да бидат оставени на разни туристички дестинации низ целиот свет.

Што се однесува до самиот тур-оператор, неговите патници се заштитени со ATOL програма. Оваа програма за осигурување, која е задолжителна за сите тур-оператори, им гарантира на патниците дека нема да им пропаднат платените пари и дека ќе можат да се вратат дома во случај компанијата да банкротира.

Thomas Cook во моментов е член на ATOL програма, но членството на компанијата нема да биде обновено од 1 октомври освен ако до тогаш не се постигне договор со инвеститорот.

Од друга страна, од компанијата тврдат дека договор ќе биде постигнат и дека патниците немаат причина да се грижат.

Во сеќавање на јавноста, е колапсот на авикомпанијата Monarch Airlines минатата година, кога десетици илјади патници останаа заробени на аеродромите ширум светот.

Во сопственост на групацијата Thomas Cook, покрај главниот тур оператор, се наоѓаат и неколку туристички агенции, онлајн системи за резервација, бројни регионални ограноци, ланец на хотели и ресорти и две авиокомпании Thomas Cook, како и германскиот Kondor.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП