2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо оваа ЕУ земја лебот е 52 проценти поскап од просекот

Во оваа ЕУ земја лебот е 52 проценти поскап од просекот

Цените на лебот и житариците во земјите на Европската унија значително се разликувале во 2018 година.

Така цената на лебот и житарките во најскапата земја членка беше трипати поголема отколку во најевтината земја, резултатите во петокот се објавени од истражувањето на Eurostat.

Кога цените во земјите се споредени со индексот на просечните цените на Европската унија во целина, кој изнесува 100, резултатите покажуваат дека во 2018 година цената на лебот и житариците била највисока во Данска со индекс на ниво на цена од 152, што значи дека во Данска лебот бил 52 проценти поскап од просечната цена на лебот во ЕУ.

Зад Данска следи Австрија со индекс од 135, потоа Луксембург и Финска со индекс на ниво на цена од 127.

За разлика од тоа, цените на лебот и житарките во 2018 година беа најниски во Романија со индекс на цени од 54, а следува Бугарија со индекс 62 и Полска со индекс 68.

Истражувањето опфати цени на различни категории на производи. Ако се разгледаат производите и услугите од широка потрошувачка како што се храна и безалкохолни пијалоци, облека и обувки, највисоки цени се забележани во Данска и тоа 38 проценти над просекот.

Најниска цена во земјите на ЕУ е забележана во Бугарија, поточно 49 проценти под просекот.

Ова истражување опфаќа повеќе од две илјади различни производи за широка потрошувачка и услуги во 37 европски земји.

Во однос на регионот, за Хрватска ова истражување покажа дека цените на производите и услугите се 47 проценти поевтини од просечната цена на тие производи во Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП