29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јули 171.862 туристи, за 2,5 отсто помалку од лани

Во јули 171.862 туристи, за 2,5 отсто помалку од лани

 

Во јули годинава земјава ја посетиле 171.862 туристи кои оствариле 682.854 ноќевања.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули годинава во споредба со јули 2018 година, е намален за 2,5 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 0,7 отсто. При тоа, бројот на домашните туристи е намален за 3,6, а на странските за 1,7 отсто, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 1,4 проценти, а кај странските туристи е зголемен за 0,5 проценти.

Во првите седум месеци од годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,1 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 1,9, а кај странските за 2,3 проценти. Вкупниот број, пак, на ноќевања за овој период е зголемен за 0,9 отсто, при што кај домашните туристи се бележи намалување од 0,2, а кај странските има зголемување за 2,0 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП