27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорот на Deutsche Bank: Негативните каматни стапки водат кон колапс на финансискиот...

Директорот на Deutsche Bank: Негативните каматни стапки водат кон колапс на финансискиот систем

Намалувањето на каматните стапки на депозитите на Европската централна банка до минус 0,5 проценти е голем товар за финансиско-кредитните организации и нивните клиенти, изјави извршниот директор на Deutsche Bank, Кристијан Севинг.

„На долг рок негативните каматни стапки доведуваат до колапс на финансискиот систем“, според Bloomberg.

Во Deutsche Bank сметаат дека каматните стапки до минус 0,5 проценти само оваа година ќе донесат стотици милиони евра загуби. Слична состојба очекуваат и други финансиски институции. Според податоците на рејтинг агенцијата Scope Ratings, поради таквата политика на ECB, европските банки изгубија 23 милијарди евра од 2014 година.

Вчера Управниот совет на ECB ја задржа каматната стапка на рекордно ниско ниво од нула проценти. На овој индикатор се наоѓа од март 2016 година. Каматата за депозитите се намали до минус 0,5 проценти од 0,4 проценти, додека маргиналната каматна стапка остана на ниво од 0,25 проценти.

Регулаторот очекува каматните стапки на ECB да останат на своето сегашно или пониско ниво се додека прогнозата во врска со инфлацијата не достигне 32 проценти, во рамките на предвидениот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП