Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,760.64 -0.03%    BUTE 3,075.00 2.5%    CEVI 567.00 -2.91%    GRNT 1,202.69 0.29%    KMB 7,231.37 -0.1%    MPT 79,852.73 -0.06%    SBT 3,200.00 2.17%    SDOM 30.00 0%    STB 1,200.00 -1.72%    TNB 17,636.98 0.24%    TTK 1,600.00 1.78%    ZILU 195.00 2.63%    ZPKO 2,539.00 19.99%    ZPOG 1,800.00 -10%    

Пристигнува „СКОПСКО IPL“ – првото крафт пиво од Пивара Скопје

Време: 13:13

Датум: септември 13, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Пивара Скопје започна со производство на ново пиво – „СКОПСКО IPL, прво од ваков вид на македонскиот пазар. Најновата бренд екстензија на СКОПСКО претставува автентично „крафт“ пиво, што како термин во пивската индустрија се користи за пива со уникатни карактеристики кои се резултат на употребата на квалитетни состојки во производството и голема умешност и искуство на пивските мајстори.

„Раководејќи се од потребите и желбите на нашите потрошувачи, кои секогаш се во центарот на нашето внимание, како и од големото значење на СКОПСКО за домашната пивска индустрија, одлучивме да направиме уште една значајна инвестиција во неговиот развој. Веруваме дека со ова ќе дадеме дополнителен импулс за натамошен развој на домашниот пазар на пиво, што секако ќе има позитивно влијание и за целокупниот развој на македонската економија. На ваков начин, Пивара Скопје уште еднаш ја потврдува својата определба и посветеност кон долгорочен одржлив развој кој ќе ѝ овозможи и понатаму да го дава својот значаен придонес за просперитетот на целата заедница“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин.

Новото „СКОПСКО IPL е светло пиво, облагородено со силна арома и угодна горчина кои придонесуваат за неговиот неодолив, богат и лесно препознатлив вкус. Уникатните карактеристики на ова ароматично пиво произлегуваат од четирите видови хмељ, кои потекнуваат од три различни континенти, како и од рачниот „крафт“ процес за негово создавање кој трае две недели подолго од вообичаениот технолошки процес за производство на пиво.

„Во производство на „СКОПСКО IPL се раководевме од рецептот на старите британски морепловци, стар над 400 години, на кој му ги додадовме најсовремените светски пивски трендови и секако нашата експертиза, големата страст и богатото искуство стекнато низ сите овие години на производството на омиленото пиво на многу генерации – СКОПСКО. Уникатниот процес на производство што го применуваме, наречен „dry hopping”, и различните видови висококвалитетен хмељ што ги употребуваме, му даваат на новото Скопско пиво навистина богат  вкус и арома кои доаѓаат до израз откако претходно лесно ќе се протресе шишето“, објаснува Надица Николоска, сениор бренд менаџер во Пивара Скопје.

Со лансирањето на „СКОПСКО IPL, како најнова иновација од областа на „крафт“ начинот на правење на пиво, Пивара Скопје го надополнува широкиот асортиман на пива кои веќе уживаат култен статус меѓу потрошувачите и со тоа дополнително ја зацврстува лидерската позиција на пазарот, која ја одржува веќе 95 години.

Дистрибуцијата на новото „СКОПСКО IPL произведено во Пивара Скопје веќе започнa, со што тоа станува достапно за сите љубители на пивото во земјава, во повратна стаклена амбалажа од 0.33л и лименка од 0.5л, по конкурента цена која одговара на врвниот квалитет на ова уникатно пиво.

 

За повеќе информации посетете ја интернет страницата IPL.mk

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Помалку пластика: Гигант за храна вложува 1,8 милијарди евра во рециклирање

    Помалку пластика: Гигант за храна вложува 1,8 милијарди евра во рециклирање

    Швајцарскиот гигант за прехранбена индустрија Nestle најави дека ќе инвестира две милијарди франци (1,8 милијарди евра) во период од пет години во рециклирање. Парите ќе ги искористат…

  • Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

    Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

    Добивката на Bank of America падна во четвртиот квартал минатата година за 4,0 проценти во однос на истиот период во 2018 година. Падот е предизвикан…

  • Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

    Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

    Почна со работа новата надградена  верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“ која од…

  • Производителот на телефони дели откази на работниците

    Производителот на телефони дели откази на работниците

    Финскиот производител на телекомуникациска опрема Nokia соопшти дека планира да укине околу 180 работни места во матичната земја оваа година. Како што најавуваат, имаат намера…

  • Шпекулант од Wall Street: Apple би можел да достигне вредност од два трилиони долари

    Шпекулант од Wall Street: Apple би можел да достигне вредност од два трилиони долари

    Најголемата американска компанија по пазарна капитализација, Apple, има потенцијал до крајот на 2021 година да достигне вредност од два трилиони долари. „Сметаме дека Apple има…

  • Гигантот повторно се сели: Брегзит ги натера компаниите да ги сменат локациите

    Гигантот повторно се сели: Брегзит ги натера компаниите да ги сменат локациите

    Францускиот енергетски гигант Total ќе го премести својот финансиски оддел од Лондон во Париз поради излезот на Британија од ЕУ, како и поради намалување на трошоците.…

  • Рекордна година за Porsche

    Рекордна година за Porsche

    За германскиот производител на автомобили со високи перформанси, компанијата Porsche, 2019 година беше рекордна година во поглед на глобалната продажба. Porsche, инаку бренд во сопственост…

  • myWorld Македонија го збогатува своето портфолио со уште една успешна соработка

    myWorld Македонија го збогатува своето портфолио со уште една успешна соработка

    Конфедерација на слободни синдикати на Македонија стана член на Cashback World куповната заедница, која е светска лојална програма менаџирана од страна на myWorld Групацијата Конфедерацијата…

  • Nissan и Renault не планираат “развод”

    Nissan и Renault не планираат “развод”

    Јапонскиот производител на автомобили денес објави дека најавите за раскинување на алијансата со Renault не се засновани врз факти. „Nissan во никој случај не размислува да…

  • Онлајн кредити за нови авантури

    Онлајн кредити за нови авантури

    Ве притискаат ли некогаш финансиските грижи толку многу, што посакувате едноставно да ви паднат пари од небо? Можеби е момент сериозно да размислите за тоа,…