19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen спорниот програм го вградил и во новите автомобили?

Volkswagen спорниот програм го вградил и во новите автомобили?

Јавниот сервис SWR во четвртокот утврди дека автомобилскиот гигант Volkswagen спорниот програм за манипулирање со вредноста на издувните гасови наводно го вградувал и во моторите од новата генерација „Еуро 6“, а не само во постарите дизели.

„И новите дизел мотори на групацијата Volkswagen беа опремени со програма која утврдува дали автомобилот се тестира, што овозможува лажирање на податоците за издувните гасови“, јавува јавниот сервис SRW, повикувајќи се на внатрешните досиеја на VW.

Дизелските мотори на најновата генерација „Еуро 6“ се вградувани во автомобилските марки кои се наоѓаат внатре во рамките на групацијата VW како Volkswagen, Škoda, Seat и Audi. Кај VW моделите претежно се работи за Golf, Tiguan и Passat.

Запрашан од SWR, Volkswagen изјави дека ”според нивно знаење” во моторите на новата генерација не се вградени програмите за манипулација.

Концернот Volkswagen во САД, каде во 2015 година беше откриен скандал за манипулирање со вредноста на штетните издувни гасови, досега веќе исплати неколку милијарди долари казни. Веќе кога беше откриен скандалот се сомневаше дека контроверзните програми биле вметнати и во моторите од најновата генерација, што VW постојано го негираше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП