29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid 10 конечно има аларм кој ќе ве предупреди на 2 најголеми...

Android 10 конечно има аларм кој ќе ве предупреди на 2 најголеми опасности

Android 10 носи многу интересни новитети.

По неколкуте бета верзии за програмерите кој Google минатите месеци ги објави, конечно има и финално издание на новиот Android.

Android 10 носи многу интересни и големи карактеристики како што се темен режим, поддршка за флексибилни уреди и подобрена навигација со гестови.

А тука се и помалите новини кои дефинитивно треба да се споменат.

Тука е откривање на загадување – опција која го деактивира USB влезот на телефонот ако во него влезе прашина или течност.

Android 10 автоматски ќе испрати известување ако открие било каква супстанција во USB влезот и потоа уште една кога неговата употреба повторно ќе стане безбедна.

Уште еден новитет е чување на влезот од прегревање. Ако системот открие висока температура во USB влезот, ќе го советува корисникот да го извади кабелот за полнење или кој било друг додаток сè додека температурата не се врати во нормала.

Некои развивачи веќе некое време се натпреваруваат со оваа опција и открија дека критичниот статус е на 60 Целзиусови степени, додека целокупната тревога е на 65 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП