Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,689.14 -2.96%    BGOR 196.00 -2.97%    DLIN 35,143.00 0%    FERS 73,235.00 -3%    GRNT 1,029.70 1.77%    KMB 5,497.72 -1.15%    KVAS 14,400.00 0%    MPT 72,169.12 -2.46%    MTUR 5,300.00 0%    OHB 6,150.00 0%    REPL 77,500.00 2.65%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 83.00 0%    STB 1,152.61 -0.64%    STIL 99.00 -2.09%    TETE 2,341.25 -0.41%    TTK 1,380.00 1.6%    UNI 2,151.02 -1.74%    

Дневен хороскоп 12.09.2019

Време: 06:20

Датум: септември 12, 2019

Категорија: ХОРОСКОП

 

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку планирате да патувате во странство, престанете да се измачувате со семејните проблеми. Оставете го минатото зад себе и се она што можело да биде а не било и препуштете се на убавите мигови што ве очекуваат. Во вечерните часови променливото расположение ќе ве напушти и ќе се почувствувате силни и способни да направите многу работи.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Неколку дена наназад ве измачува односот со некој семеен пријател. Во дилема сте дали тој има преголемо влијание врз вас и дали е време да се дистанцирате. Веќе почнува да ви пречи зависноста и потребата да се консултирате за се што ви се случува во домот. Се чувствувате силни и способни сами да донесувате одлуки. Денес е добар ден да ги завршите сите започнати работи

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Размислувате околу партнерските односи и потребата за емотивна сигурност. Колку голем напор и да направите, имате чувство дека сето тоа не ви е дадено. Но, вие упорно барате место каде што ќе постигнете сигурност и ќе ја осетите топлината на домот.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Најголем проблем ќе ви биде финансиската конструкција што треба да ја направите. Ќе размислувате околу повеќе решенија и ниедно нема да ви се допадне. Грешките што ги направивте во минатото повторно ви се враќаат, заедно со стравот истото да не ви се повтори. Во попладневните часови, изморени од напливот на емоции и размислувања, ќе сфатите дека треба да се одморите.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес во текот на денот ќе донесете одлука дека е време да се посветите на себе и на своето уживање. Разговорот што ќе го направите денес ќе биде пресвртница. Свесни сте дека не можете да направите повеќе од она што сте го направиле и конечно ќе ви олесни.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе донесете некоја важна одлука во врска со семејството. Веќе неколку дена го одлагате тоа и денес ќе морате во последен момент да решите што ќе направите. Свесни сте дека морате да се ослободите од некои сенки од минатото за да можете да продолжите понатаму и да се посветите на она што навистина го сакате.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате голема потреба да се докажете пред семејството и постојано го барате нивното одобрување. Зголемената потреба за љубов ве тера да правите некои отстапки кои вообичаено не ги правите. Задоволни сте со постигнатото, но како да фали нешто за да бидете исполнети. Денес ќе се преиспитувате и ќе се прашувате дали правилно постапувате.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес вашите емоции ќе бидат свртени кон работата и ќе се враќате во минатото за да можете да сфатите како сте ги направиле пропустите во работата. На крајот на денот ќе дојдете до сознанието кое толку време го баравте во своите мисли. Горди на себе ќе направите план за идните чекори.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете во центар на вниманието и ќе уживате. Позитивната енергија што ја ширите околу себе нема да остане незабележана. Ако сте слободни можно е токму овој викенд да ја сретнете личноста на вашиот живот. Оние што се во брак ќе забележат дека партнерот се менува во позитивна смисла и дека многумина го забележуваат.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Наместо да се правдате најдобро е да свртите друг лист и да ги игнорирате критиките упатени кон вас. Во попладневните часови ве очекува вест во врска со некои финансии кои треба да ги добиете. Тоа ќе ви ја врати самодовербата и ќе се чувствувате гордо.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Емотивните кризи кои ги имавте во изминатите неколку дена полека почнуваат да стивнуваат. Преиспитувањето околу работите што требале да се направат и оние што навистина се направиле веќе почнува да ве заморува. Во попладневните часови ве очекува еден интересен разговор се една видна личност. Признанието што ќе го добиете ќе ве направи горди и ќе ги избрише сите сомнежи што ги имавте.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Веќе сте уморени од размислувањата за кариерата и за промените кои сакате да ги направите. Цело време одите напред-назад и не знаете што навистина е добро за вас. Врзани сте за минатото, но сакате нешто да смените. Денес ќе почувствувате дека направивте се што можело да се направи и дека е време да се препуштите на судбината.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Викенд хороскоп 19-20.10.2019

    Викенд хороскоп 19-20.10.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ќе имате некој нов план за штедење кој ќе ви биде многу важен и ќе го испочитувате до последната точка.…

  • Дневен хороскоп 18.10.2019

    Дневен хороскоп 18.10.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ќе ви се врати насмевката на лицето во оној момент кога до вас ќе допрат позитивните вести на работното место.…

  • Дневен хороскоп 17.10.2019

    Дневен хороскоп 17.10.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на прв чекор настапуваат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за…

  • Дневен хороскоп 16.10.2019

    Дневен хороскоп 16.10.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Следете ги правилата. Денот може да ви започне со неколку вида на проблеми поврзани со поранешни грешки или некое занемарување…

  • Дневен хороскоп 15.10.2019

    Дневен хороскоп 15.10.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Повлечете се во себе и пронајдете го најповолниот пат. Се обидувате да пронајдете компензација за незадоволството. Превземете нешто поконкретно. Тргнете…

  • Дневен хороскоп 14.10.2019

    Дневен хороскоп 14.10.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ако сакате да воспоставите нова визија во животот и да излезете од наметнатите ограничувања, ќе мора да промените нешто во…

  • Викенд хороскоп 12-13.10.2019

    Викенд хороскоп 12-13.10.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ќе покажете колку сте искусни во својата работа, лесно ќе се снаоѓате во некои ситуации кои за другите се проблематични.…

  • Дневен хороскоп 11.10.2019

    Дневен хороскоп 11.10.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Не ви се препорачуваат ризици или било какви игри на среќа. Ова е еден од оние денови кога играте сами…

  • Дневен хороскоп 10.10.2019

    Дневен хороскоп 10.10.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Работите ќе ги обавувате со неверојатна леснотија. Соработниците се потпираат на вас и ви укажуваат голема доверба. Ги мешате љубовта…

  • Дневен хороскоп 09.10.2019

    Дневен хороскоп 09.10.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Сакате да напредувате, но ништо не преземате во врска со тоа. Сакате поголема плата но не се нафаќате на поголеми…