23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПросечна плата во Microsoft Хрватска 6.000 евра

Просечна плата во Microsoft Хрватска 6.000 евра

Порталот posao.hr ја анализираше хрватска софтверска индустрија според просечната исплатена нето заработка.

Анализата е направена според два критериуми: највисока просечна исплатена нето плата во првите 100 компании, а потоа од тие топ 100 рангирани по број на вработени затоа што има многу компании кои имаат само еден вработен и затоа просечната исплатена нето плата и не е споредлива ако не се земе во предвид и анализата кој од каде е по бројот на вработени.

На прво место по висина на просечна нето плата и оваа година е Microsoft Croatia со 44.166 куни (5.973 евра) и раст од 12,82 проценти во однос на претходната година.

Следи F5 Networks со 42.188 куни и минимален раст од само 0,19 проценти. На третото место е компанијата Digital Assembly со една куна пониска плата од 42 илјади куни и импресивен раст од 397,26 проценти.

На четвртото место е HP Computing and Printing со 7,99 проценти раст на просечната нето плата и достигнати 35.179 куни. Првите пет ги заклучува Avaya со 6,49 проценти раст на платите на 34.526 куни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП