Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.08.-31.08.2019 година вкупниот промет изнесува 336.169.985 денари.
Класичното тргување изнесува 299.790.285 денари и е намалено во однос на јули за 4,88 отсто.
Блок трансакциите во август изнесувале 36.379.700 денари.
Бројот на трансакции во август изнесувал 1.474.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за август беа на Макпетрол АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје, и Комерцијална банка АД Скопје го зазема третото место.
Месечниот статистички билтен за август 2019 година можете да го погледнете тука.