16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмерикански сојузни држави покренуваат истрага против Google

Американски сојузни држави покренуваат истрага против Google

Група американски држави предводени од Тексас објавија почеток на истрага за пазарната моќ на Google и дали таа компанија неправедно ја потиснува конкуренцијата и им нанесува штети на потрошувачите.

Само неколку дена порано друга група на држави објавија дека ја истражуваат пазарната доминација на Facebook.

Истрагатa која ја води државното обвинителство во скоро сите сојузни држави ги проширува антимонополските истраги против технолошките гиганти на ниво на федерални и конгресни истраги и казни кои им ги изрекуваат европските регулатори.

Државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, истрагата против Google ја објави на конференција во Вашингтон.

Главната компанија на Google, Alfabet има пазарна вредност поголема од 820 милијарди долари и контролира толку многу аспекти на интернет што е скоро невозможно да се сурфа на мрежа а да не се наиде барем на некои од нејзините услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП