13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаминува милијардерот: Џек Ма повеќе не е прв човек на Alibaba

Заминува милијардерот: Џек Ма повеќе не е прв човек на Alibaba

Милијардерот Џек Ма, кој го отвори патот за е-трговија во Кина, официјално ја заврши својата кариера како прв човек на Alibaba.

По две децении изградба на компанија и бизнис вреден 460 милијарди американски долари, Ма ќе се посвети на филантропија.

Џек Ма ја основа Фондацијата во 2014 година, изјавувајќи дека инспирацијата ја добил од брачниот пар Мелинда и Бил Гејтс.

„Пред да наполнам 70 години, можам да направам нешто и во други области, како што е образованието“, изјави Ма минатиот септември.

Неговото заминување од кормилото на компанијата која ја создаде не е ненадејно, тој го најави пред една година.

Сепак, дури и откако се повлече од кормилото на Alibaba, се очекува тој да продолжи да учествува во неговиот развој со оглед дека е доживотен член на група од 36 лица кои можат да назначат мнозинство директори во одборот кој ја води компанијата.

Исто така, Ма останува сопственик на 6,22 проценти од акциите на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП