18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon планира да вработи повеќе од 30.000 луѓе

Amazon планира да вработи повеќе од 30.000 луѓе

Гигантот за електронска трговија Amazon планира да ангажира повеќе од 30,000 луѓе со цело и скратено работно време во корпоративните сектори, технологија и работа со клиенти.

Новите работни места не се дел од вообичаеното сезонско вработување на Amazon, а од компанијата велат дека на овој потег се одлучиле за да ги исполнат дополнителните побарувања на клиентите за време на хаотичните празнични сезони.

Таканаречениот ден на кариера, кога ќе се случи распределбата на работата, ќе се одржи на 17 септември во Вирџинија, Бостон, Чикаго, Сиетл и други американски градови.

Минатата година Amazon објави дека ќе го зголеми минималниот износ на саатница на 15 американски долари за сите вработени, но не се сите задоволни. Имено, работниците организираа протест, поттикнати од лошите работни услови и плати. Работниците во магацинот на Amazon тврдат дека работата физички и психички ги исцрпува, дека сакаат повисоки плати, повисоко ниво на безбедност при работа, како и третман за повредените работници.

Акциите на компанијата пораснаа за помалку од еден процент и се поголеми за 22 проценти од јануари.

Amazon има пазарна вредност од околу 907 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП