8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација на crowdfunding платформата Funderbeam

Презентација на crowdfunding платформата Funderbeam

На 12ти Септември 2019 година (четврток) со почеток од 15:00 часот во просториите на Македонска берза ќе се одржи презентација на crowdfunding платформата Funderbeam

Преку воспоставената соработка помеѓу Funderbeam SEE, компанија регистрирана во Хрватска (во која коспоственик е Загребачка берза) и Maкедонска берза АД Скопје оваа crowdfunding платформа, преку која се поврзуваат компаниите во ран развој кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во вакви компании, стана полесно достапна и на македонскиот пазар. 

Потенцијални корисници на оваа платформа во делот на македонските компании се исклучиво правните лица кои не функционираат  како акционерски друштва. Со оглед на големата важност на прашањето на развојот на малите и средни претпријатија, активностите на Берзата во овој домен добија официјална поддршка и од УСАИД Македонија, во рамки на активностите на Проектот за развој на деловниот екосистем.

 

Агенда:

15:00 -15:05   – Отворање на настанот (Иван Штериев, Главен извршен директор, Бојан Цветановски, Претседател на Здружението)
15:05 -15:45   – Презентација на платформата и Q&A сесија ( Каролина Каровска Божиноска, Македонска берза)
15:45 -16:00   – Networking и кафе пауза

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП