5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBBC ги мобилизира меѓународните медиуми против ''лажните вести''

BBC ги мобилизира меѓународните медиуми против ”лажните вести”

Десетина големи меѓународни медиуми, вклучително и француската новинска агенција AFP, се приклучија на иницијативата која британската BBC, со учество на уште неколку дигитални гиганти, покрена борба против дезинформации, што е нов проект во низата на голем број други обиди за спречување на феноменот во светот.

AFP објави дека се приклучи на тој проект, заедно со Европската унија за радиодифузија (EBU), Financial Times, медиумска мрежа First Draft, весникот Hindu, американскиот весник Wall Street Journal, CBC/Radio Канада, агенцијата Reuters и Reuters Institute.

Исто така меѓу партнерите се Facebook, Google и Microsoft.

Агенцијата AFP објаснува дека „ќе се вклучи во различни компоненти на проектот, вклучително создавање на алармни системи на партнерски организации за најопасните лажни информации кои го загрозуваат животот на граѓаните или демократските процеси за време на избори“.

Иницијативата на BBC вклучува и заедничка кампања за медиумска едукација, размена на искуства, особено во врска со важни избори.

Исто така ќе работат на олеснување на пристапот до јавни информации за време на изборите.

Тоа е нов проект покрај постојните иницијативи за спречување на ширење на дезинформации колоквијално наречени „лажни вести“, во кој учествуваат и AFP, Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) и Иницијативата за доверба на информации (Journalism trust initiative – Иницјатива за доверба во новинарството) кое е започнато од меѓународната организација „Репортери без граници“ (RSF).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП