3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Telekom лансираше 5G мрежа

Deutsche Telekom лансираше 5G мрежа

Германскиот телекомуникациски оператор Deutsche Telekom во четвртокот лансираше мобилна мрежа од петтата генерација (5G) во пет градови на Германија, објави компанијата. Со ова по Vodafone, стана вториот оператор во Германија кој понуди таква мрежа.

5G мрежата на Deutsche Telekom, која нуди пренос со брзина до гигабајти во секунда, достапна е во Берлин, Минхен, Келн, Бон и Дармштат. Мрежата емитува повеќе од 129 предаватели, а планира да бидат повеќе од 300 до крајот на годината, а мрежата ќе биде достапна и во Лајпциг и Хамбург, објави германската новинска агенција DPA.

Во јули оваа мрежа прв пат ја понуди Vodafone во Германија, која во моментов има повеќе од 150 предаватели на 52 локации.

Паметните телефони кои подржуваат 5G во Германија моментално ги нудат производителите на Huawei и Samsung, објави DPA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП