26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBundesbank против забраната за наплата на негативни каматни стапки

Bundesbank против забраната за наплата на негативни каматни стапки

Германската Bundesbank се спротивставува на тоа на банките да се забрани префрлање на трошоците од негативните каматни стапки на штедачите, изјави официјален претставник на банката.

Членот на управниот одборот на Bundesbank, Јоаким Вирмелинг, изјави за Reuters дека потрошувачите треба да бидат заштитени, но дека банките мораат да имаат простор да управуваат со трошоците.

Неговите коментари со текот на времето се совпаднаа со дебатата во Германија, како и во другите европски земји, за тоа дали на банките треба да им се дозволи да им ги пренесуваат на клиентите трошоците за негативните каматни стапки кои ги плаќаат за „паркирање“ пари во централната банка.

Премиерот на сојузната германска држава Баварија, Маркус Зедер, предложи дека на банките ќе им забрани да наплаќаат негативни каматни стапки на граѓаните за заштеда помала од 100 000 евра. „Ако на банките им забрани наплата на негативни камати, ќе останат без инструмент кој би можел да обезбеди профитабилност“, предупреди Вирмелинг.

Тој додаде дека профитабилноста е важен заштитен механизам за финансискиот систем и помага за поттикнување на инвестиции. Европската централна банка од 2014 година им наплаќа на заемодавците негативна стапка од минус 0,4 проценти.

Минатата година банките во Германија исплатија на централната банка 2,4 милијарди евра за чување депозити, соопшти германската влада како одговор на парламентарната истрага за негативните каматни стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП