18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп и се закани на Кина со поостра трговска војна

Трамп и се закани на Кина со поостра трговска војна

Американскиот претседател му се закани на Пекинг со уште пострa трговска војна доколку биде реизбран во 2020 година, и предвиде пад на бројот на работни места на компании во Кина, игнорирајќи ги приговорите на американските индустријалци кои страдаат од последиците од неговата протекционистичка политика.

Тој ги предупреди кинеските власти против обидите да добијат на време до американските избори во 2020 година, со надеж дека тој нема да биде повторно избран, пренесува Hina.

„Замислете што ќе се случи со Кина ако победам“, напиша на Твитер.

„Условите на договорот ќе бидат многу построги“, се закани тој, додека во неделата на сила стапија новите царински тарифи за милијарди долари кинески производи.

„Иако сум сигурен дека тие би биле среќни да преговараат со новата администрација за да продолжат со „измамите врз САД“ (600 милијарди долари годишно), повеќе од 16 месеци е долг период за поднесување на долгорочните загуби на работните места и компании“, додаде американскиот претседател.

Загрижувачки пад на производството

Од американска страна, економијата, особено преработувачката индустрија, не е поштедена од тензиите со азискиот гигант.

Кратко време по пораките на Трамп на Твитер, професионалното здружение ISM објави пад на производствениот сектор во август, прекинувајќи ја низата од 35 месеци последователен раст.

Индексот на производство на ISM падна на најниско ниво од јануари 2016 година, кога Трамп ја презеде функцијата.

Тимоти Фиоре, шеф на истражувањата во ISM, објасни дека „трговските прашања и понатаму остануваат голем проблем, кој се рефлектира во јак пад на новите извозни нарачки“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП