19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава добивка прокнижи ГД Гранит АД за првото полугодие

Колкава добивка прокнижи ГД Гранит АД за првото полугодие

ГД Гранит АД за периодот Јануари – Јуни  2019 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечни  и консолидирани  финансиски извештаи.

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2019 година изнесуваат 2.168.476 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2018  година бележат зголемување за 38%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2019 година изнесуваат 2.382.256 илјади денари  и во споредба со остварените  во истиот период 2018 година   бележат зголемување за 5% .

Остварените единечни  вкупни расходи во периодот Јануари – Јуни 2019 година се во износ од  2.046.690 илјади денари,  споредено со истиот период 2018 година бележат  зголемување за 32% .

Остварените консолидирани  вкупни расходи во периодот Јануари – Јуни 2019 година се во износ од 2.294.867  илјади денари и во споредба со истиот период 2018 година бележат зголемување за 6%.

Неконсолидиран финансиски извештај тука.

Консолидиран финансиски извештај тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП