4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПоради конфиликтот со Foxconn доцнат iPad и iPad mini

Поради конфиликтот со Foxconn доцнат iPad и iPad mini

ipad

Се чини дека претставувањето на следната генерација на „iPad“ и „iPad mini“ дополнително ќе се оддолжи доколку се точни гласините за конфликтот меѓу „Apple“ и „Foxconn“.

Причината за дополнителното чекање на „iPad 5“ и „iPad mini 2“ би можело да биде фактот дека „Foxconn“ веќе не ја произведува линијата „iPad“ за „Apple“.  Судејќи според „Internatinal Business Times“ кој истакна дека „Foxconn“ објавиле дека нема да ја прават новата генерација на таблети.

До конфликт најверојатно дошло поради неверодостојноста на „Foxconn“ кој во минатото го доведуваше „Apple“ во проблеми, како например изгребаните „iPhone 5“, поточно 8 милиони примероци.

„Foxconn“ исто така произведува и „Android“ телефони, а неодамна најави и влез на полето на носивата технологија, каде „Apple“ исто така сака да биде сериозен играч со „iWatch“.

Додека новиот добавувач на „Apple“ не е познат, компанијата од Купертин ќе мора себеси да си обезбеди дополнително време поради транзицијата.

И додека датумот за излегувањето на „iPad“ и „iPad mini“ и натаму е под знак прашалник, нешто подобра е ситуацијата за податоците што следната генерација на уреди ќе донесат со себе.

Доколку гласините се точни, „iPad mini 2“ ќе биде со освежен „Retina“ дисплеј со резолуција од 2.048 x 1.536 пиксели.

Зад екранот од 7.9 инчи ќе се најде „Apple A6X“ процесор, што е унапредување во однос на постоечкиот „A5“ систем.

„iPad 5“ од друга страна можеби ќе има А7 чип доколку тој се појави во новиот „iPhone 5S“ во септември.

Засилената брзина на процесорот ќе биде дополнета и ќе биде намалена тежината на уредот со оглед дека новиот „iPad“ би требало да биде 33 проценти полесен од својот претходник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП