29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook ќе го сокрива бројот на ,,лајкови'' под објавите

Facebook ќе го сокрива бројот на ,,лајкови” под објавите

Челниците на социјалната мрежа Facebook размислуваат да го укинат прикажувањето на бројот на луѓе кои реагирале на објавите на корисниците, сè со цел за да им помогнат на корисниците кои се чувствуваат лошо кога објавата нема да го добие посакуваниот број „лајкови“.

Порталот DigitalTrends објави извештај за најновите истражувања на социјалните медиуми и наведува дека Facebook подготвува тест за укинување на бројот на лајкови примени на апликацијата Android.

Челниците на Facebook за магазинот TechCrunch ги потврдија тие наводи.

И првиот човек на Facebook, Марк Закерберг, пред неколку месеци изјави дека неговата желба е корисниците помалку да се грижат за бројот на реакции на нивните објави, а повеќе да работат на поврзување со другите корисници.

Трката за внимание на социјалните медиуми во изминатите неколку години е тренд кој има негативно влијание врз менталното здравје на луѓето, а особено на адолесцентите.

Професорот по психологија на Универзитетот во Сан Диего, Жан Твин пред две години објави труд во кој укажува на голем раст на бројот на адолесценти кои дневно, минимум пет часа поминуваат на социјалните мрежи и предупредува дека таа категорија е 70 пати по склона кон самоубиствени мисли од младите кои на социјалните мрежи дневно поминуваат до еден час.

Резултатите од студијата покажаа дека расте и бројот на адолесценти кои се чувствуваат очајно и неволно. Тој проблем е поизразен кај женската популација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП