26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕве како би се викала новата верзија на Android доколку Google продолжеше...

Еве како би се викала новата верзија на Android доколку Google продолжеше да дава имиња по слатки

Се чини дека Google реши да стане сериозен.

Google неодамна изјави дека повеќе нема да именува нови верзии на својот Android оперативен систем по слатки.

Новите верзии сега покрај името ќе имаат само број, па следната верзија на Android едноставно ќе се вика Android 10.

Но, инженерите на Google ни открија како би се викал новиот Android ако компанијата продолжеше со својата политика за давање имиња.

Наместо Android 10, ќе имавме Android Queen Cake.

Оваа промена оди заедно со промената на брендирање. Инженерите забележуваат дека брендот Android  не бил создаден со „премногу размислување“ и дека сè започнало со „минимум кој бил потребен за да се одвиваат работите“.

Верзијата 10 му овозможува на тимот  да започне одново и конечно да погледне посериозно во брендот и да го спреми за во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП