16 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го претстави новиот модел Galaxy A30s

Samsung го претстави новиот модел Galaxy A30s

Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави новиот модел на телефони Galaxy A30s со современ изглед и напредни иновации. Покрај сестраната камера, Infinity Display и издржливата батерија, овој смартфон е создаден за корисниците кои сакаат од момент во момент да ги зачуваат и споделуваат своите искуства, овозможувајќи им сѐ што им е потребно за инстант секојдневност.

 „Станува сè потешко да го замислиме животот без паметни телефони. Истите нѐ спојуваат и ни овозможуваат да ги споделуваме нашите искуства со светот“, вели YeonJeong Kim, потпретседател и раководител на одделението Product Planning Group, Mobile Communications Business во Samsung Electronics. „Како што честото користење на овие уреди континуирано расте, нашата цел е непрестано да воведуваме иновации, обезбедувајќи им ги на корисниците нашите најдобри производи и искуство. Можностите кои ни се потребни од еден телефон на дневно ниво, Galaxy A30s ги подига на уште повисоко ниво.“

Моделот е достапен во четири нови бои – црна, бела, зелена и виолетова[1] и се одликува со иновативен, впечатлив дизајн со уникатни геометриски шари и футуристички холограм-ефект во позадина.

Во комбинација со издржлива батерија од 4.000mAh и можност за брзо полнење, како и со Game Booster-от на база на вештачка интелигенција, овој модел го овозможува најдоброто гејминг искуство „за носење“.

Покрај тоа уредот има и трикратна задна камера – напредна главна од 25MP, една со ултра-широк објектив од 8MP, како и длабочински објектив од 5MP. Со помош на Live Focus режимот на камерата од 5MP, корисниците можат да го користат боке ефектот на професионално ниво и на тој начин да создадат динамични портрети. Алатките на паметната камера подразбираат достапност на опциите Flaw Detector и Scene Optimizer благодарение на кои може многу лесно да се направи совршена фотографија.

Скенерот за отпечатоци на прсти е вграден во самиот екран, со што се зачувува едноставниот дизајн и во исто време се овозможува интуитивна заштита на податоците.

Корисниците на Galaxy A30s смартфоните ќе се вмрежани со Galaxy екосистемот и ја имаат можноста да користат различни сервиси како Samsung Health, Samsung Pay и Knox.

Спецификации на Samsung Galaxy A30s

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП