7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД започнаа да ги применуваат новите тарифи за стоките од Кина

САД започнаа да ги применуваат новите тарифи за стоките од Кина

Најновите тарифи на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за кинеската стока стапија на сила, што потенцијално ќе ги зголемат цените на одредена облека, обувки, спортска опрема и друга стока што ја плаќаат американците.

Тарифите од 15 проценти се однесуваат на увоз на кинеска стока во вредност од околу 112 милијарди долари, пренесува АП.

Мерката практично наметна повисоки даноци на повеќе од две третини од увозот на САД од Кина.

Резултатот од повисоките тарифи на Трамп е и тоа што многу американски компании предупредија дека ќе бидат принудени да ги зголемат цените поради повисоките трошоци за набавката на кинески производи.

Откако ќе стапат во сила новите мерки, 87 проценти од текстилот и облеката од Кина ќе бидат предмет на тарифи, како и 52 проценти од кинеските обувки увезени во Соединетите држави.

На 15 декември, администрацијата на САД би требала да воведе втор круг тарифи од 15 проценти на кинеската стока во вредност од околу 160 милијарди долари, а доколку тие такси стапат на сила, тогаш, практично целата кинеска стока увезена во САД ќе биде покриена со зголемени тарифи.

Во исто време, денес Кина започна да применува дополнителни тарифи за одредена американска стока во вредност од 75 милијарди американски долари, пренесува Ројтерс.

Дополнителни такси од пет и десет проценти беа воведени на 1.717 од вкупно 5.000 производи од САД.

Пекинг ќе започне да применува дополнителни тарифи на 15-ти декември за преостанатите американски производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП