28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава добивка прокнижи УНИБанка за првото полугодие од годинава

Колкава добивка прокнижи УНИБанка за првото полугодие од годинава

УНИБанка во првата половина од 2019 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани воусвоениот бизнис план за 2019 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

Остварените вкупни приходи од работење вопрвата половина од 2019 година изнесуваат 719,6 милиони денари  и во односнаистиот период минатата година бележат пораст од  15.5%. Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 102,3 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи. Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 71.6% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2018 година се зголемени за 15.5%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2018 се зголеми за 6.8% и достигна ниво од 15 милијарди денари.Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население, и соодветно е остварен годишен пораст од 20.5процентина приходите од камати на население. Порастот на кредитирањето, зголемениот обем на активности во доменот на платен промет и картично работење, придонесоа приходите од провизии на банката да се зголемат за 15.93% во однос на истиот период од минатата година.

Остварените расходи во првата половина од 2019 година изнесуваат 617,2 милиони денари и бележат пораст од 24.3% во однос на истиот период од 2018 година. Порастот на расходите на банката пред се, се должи на расходите од камати, како резултат на зголемување на депозитната база, согласно поголемиот интерес на депонентите за новите депозитни продукти на банката. Зголемените расходи на банката произлегуваат и од порастот на административните расходи, предизвикани од исплата на награда на вработените и исплата на еднократна договорна испратнина, како и заради зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

Добивката за преиодот јануари-јуни 2019 година изнесува 102.324 илјади денари и е намалена во однос на лани за 19.2 отсто.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП