3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook престанува да биде бесплатен?

Facebook престанува да биде бесплатен?

Со години шефот на Facebook, Марк Закерберг, повторуваше дека користењето на таа социјална мрежа секогаш ќе биде бесплатна за нејзините корисници. Меѓутоа, се чини дека на тоа дојде крајот.

Facebook тивко го смени слоганот што го користи уште од своето основање. На почетната страница повеќе го нема “It”s free and will always be” (бесплатно е и секогаш ќе биде), туку “It”s quick and easy” (брзо и едноставно).

Промената се случи на почетокот на август, а од Facebook сè уште официјално не се огласија во врска со тоа.

Се чини дека промената на слоганот всушност има врска со начинот на кој Facebook функционира и правилата на Европската унија.
Имено, не е тајна дека основата на која Facebook го заснова своето работење е податоците на корисниците. Токму тие информации се највредниот дел на Facebook. Иако од таа социјална мрежа постојано повторуваа како корисниците се сопственици на сите објавени податоци, исто така потврдија и како ги искористуваат тие податоци за на огласите да продаваат маркетиншки простор.

Адвокатот Хозе Антонио Кастиљо верува дека промената на слоганот била поради податоците на корисниците. Како што објасни за Business Insider, во мај Европскиот парламент донесе директива со која за прв пат се препознава размена на информации како форма на плаќање. Тоа значи корисниците за своите податоци да ”плаќаат” право на користење на социјалната платформа. Затоа не може да се рекламира како „бесплатнa“.
На крајот на краиштата, во ”платформата за политики”, Facebook напиша „не гарантира дека платформата секогаш ќе биде бесплатна“.

Значи ли тоа дека во иднина корисниците, покрај своите податоци, за користење Facebook ќе мора да плаќаат и пари?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП