29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина воведува своја криптовалута на 11 ноември

Кина воведува своја криптовалута на 11 ноември

Се очекува Народната банка на Кина (PBOC) да воведе сопствена криптовалута пред крајот на годината, објави Forbes повикувајќи се на добро информирани извори.

Според извештајот на Forbes, PBOC планира да воведе дигитална валута на 11 ноември, кога е ударен ден за онлајн купување во Кина, а има намера да ја дистрибуира преку најмалку седум институции, вклучувајќи ги државните банки и фирмата за финансиски услуги Junion Page, како и технолошките гиганти Alibaba и Tencent.

Кинеската централна банка допрва треба да коментира за извештајот на Forbes, но нејзиниот директор на одделот за плаќања Му Чанчун изјави уште во август дека PBOC е ”скоро подготвена” да воведе сопствена криптовалута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП