27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвите 100 британски фирми се преселија во Холандија

Првите 100 британски фирми се преселија во Холандија

Стотина компании го преселија својот бизнис од Велика Британија во Холандија или таму основаа канцеларии, за да останат во рамките на Европската унија по планираниот Брегзит.

Слични потези разгледуваат уште 325 компании кои се грижат поради губење на пристапот на пазарот на ЕУ откако Велика Британија ќе ја напушти Унијата, велат во холандската агенција за странски инвестиции.

„Континуираната растечка неизвесност во Велика Британија и растечкиот потенцијал на Брегзит без договор им даваат на овие компании голема економска главоболка“, изјави Џерон Нијланд, комесар во државната агенција NFIA.

Затоа, според неговите зборови, сè повеќе компании се свртуваат кон Холандија како можна нова база на европскиот пазар.

Станува збор за компании во сегментот на финансии, информатичка технологија, медиуми, рекламирање, биолошки науки и здравство, се вели во соопштението на агенцијата.

Германија, Франција, Белгија и Ирска се главните конкуренти на Холандија во привлекувањето компании кои го селат бизнисот поради Брегзит.

Преземањето на функцијата премиер минатиот месец, Борис Џонсон изјави дека Велика Британија ќе ја извади од ЕУ на крајот на октомври со или без договор, потсетува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП