19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's соочен со повици за бојкот поради халал храна

McDonald’s соочен со повици за бојкот поради халал храна

Глобалниот ланец за брза храна на Твитер објави дека сите негови ресторани во Индија имаат халал сертификати, што ги налути некои корисници.

McDonald’s се соочува со повици за бојкот во Индија, откако глобалниот ланец за брза храна соопшти дека служи халалско месо.

„Сите наши ресторани имаат халал сертификати. Може да ги прашате менаџерите на рестораните да ви го покажат сертификатот на ваше задоволство и потврда“, наведено е на Твитер профилот на компанијата во Индија.

Меѓутоа, ова налути многу корисници, особено десничарските групи, кои ги повикаа на бојкот американските компании во Индија.

Многумина се прашуваа зошто McDonald’s служи халал месо во земја каде 80 проценти од околу 1,3 милијарди жители се Хиндуси.

На менито на овој ланец за брза храна во Индија нема говедски и свински производи, а наместо тоа има најразлични вегетаријански опции како пилешко и риба.

Расте исламофобија во Индија

McDonald’s не е првата компанија која се соочила со незадоволство од десничарските хиндуистички групи во врска со тоа што служи халал месо.

Минатиот месец IndiGo, нискобуџетна авиокомпанија, беше предмет на онлајн кампања во која се повикуваше на бојкот поради што на своите летови служела халал месо.

Претходно овој месец еден 40-годишен маж одби да прими храна која му ја достави муслимански возач, што предизвика дебата за растечката исламофобија во Индија, каде живеат речиси 170 милиони муслимани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП