8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем пад на азиските берзи поради заострување на трговската војна

Голем пад на азиските берзи поради заострување на трговската војна

На азиските берзи дојде до голем пад на акциите откако заострувањето на трговската војна меѓу САД и Кина доведе до неизвесност во глобалната економија.

Најголем пад забележа хонгконшкиот индекс Hang Seng, дури 3,3 проценти.

Јапонскиот Nikkei започна да паѓа веднаш штом берзите се отворија и забележа пад од 2,3 проценти.

Австралискиот индекс S&P/ASX 200 падна за 1,5 проценти, јужнокорејскиот KOSPI 1,7, додека шангајскиот Composite забележа пад од 1,2 процент, објави AP.

Стивен Инс, менаџер во Валур маркети во Сингапур, вели дека е тешко да се процени како понатаму ќе се развива ситуацијата и дека сите очекуваат што следно ќе рече американскиот претседател Доналд Трамп.

”Најдоброто што Трамп може да го направи за стабилноста на пазарот е да молчи”, изјави Инс.

“На пазарот во моментот владее страв од транзициска рецесија во САД, иако американската економија сè уште се одржува добро и во голема мерка се заснова на трошење. Ако каматните стапки паѓаат, трошењето веројатно ќе се зголеми и ќе служи како тампон зона за економијата”, додаде Инс.

Трговскиот спор помеѓу Вашингтон и Пекинг, особено неговата непредвидливост, сигурно ќе има штетни последици за Азија, наведува AP.

Агенцијата додава дека непредвидливоста влијае на одлуките на централните банки за фискалната политика и компаниите во врска со своите стратегии и инвестиции, што доведува до неизвесност на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП