27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei лансираше чип базиран на вештачка интелегенција

Huawei лансираше чип базиран на вештачка интелегенција

Кинескиот технолошки гигант Huawei лансираше нов чип базиран на вештачка интелигенција, кој се фати во клинч со американските гиганти Qualcomm и Nvidia.

Чипот наречен Ascend 910 за прв пат е претставен минатата година во октомври и беше наменет за дата центри со големи бази на податоци.

Компаниите кои користат апликации на база на вештачка интелигенција бараат големи количини на податоци за да ги „истренираат“ паметните алгоритми, што може да трае со недели.

Од Huawei тврдат дека нивниот чип може да обработува податоци многу побрзо, односно за помалку време од конкурентите и да „истренира“ мрежи во рок од неколку минути.

„Полека, но сигурно напредувавме од кога ја најавивме нашата стратегија за развој на чипови со вештачка интелигенција минатиот октомври. Се оди според планот“, изјави Ерик Су, еден од челниците на Huawei.

Најновиот потег на Huawei доаѓа во момент кога кинескиот гигант е под притисок од американските власти, бидејќи се на списокот на компании со кои американските компании не треба да работат.

Соочен со таква ситуација, Huawei е принуден да ги насочи напорите да развие своја технологија, од чипови до оперативен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП