19 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТопол третман со масло за длабоко закрепнување на коса

Топол третман со масло за длабоко закрепнување на коса

Ако барате решение за проблем со сува и оштетена коса, можете да пробате домашен третман со топло масло. Доволна ви е една состојка – растително масло (најдобро маслиново масло, или пак бадемово, јојобино или кокосово).

Овој третман ќе ја хидрира и смири сувата, иритирана кожа на косата и ќе ја стимулира циркулацијата. Топлината исто така помага маслото што подобро да се апсорбира во косата и длабоко да ја нахрани и хидрира.

Четири лажици маслиново масло загрејте на пареа до пријатна топла температура. По желба во маслото можете да додадете и 5 капки есенцијално масло по избор (на пр. масло од рузмарин, лаванда или чајно дрво). Измешајте сè добро и внимавајте маслото да не се прегрее (не сакате да се изгорите!). Маслото прво нанесете го на кожата на главата и коренот на косата и масирајте ги врвовите со прсти. Потоа нанесете масло по целата должина на косата. Завиткајте ја косата во влажна крпа и оставете ја да отстои 20 до 30 минути. По третманот, добро измијте ја косата со благ шампон. Препорачливо е да се повтори овој третман на секои две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП