19 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 24-25.08.2019

Викенд хороскоп 24-25.08.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не сакате да се откажете од зацртаните цели иако во моментов тешко дека ќе дојде до нивна реализација. Доколку сте слободни викендов е одличен за запознавање на нова личност.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку бидете претерано импулсивни, можно е дека ќе се покаете. Викендот не е време за брзоплети одлуки. Во љубовта размислувате за брак и промени со актуелниот партнер.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Викендот е поволен доколку се занимавате со приватен бизнис. Пред вас е можност да направите некои добри чекори. Доколку сте во брак односот ќе ви биде солиден, ако сте слободни ве очекува флерт.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Многу е важно да имате доволно трпение и да не избрзувате во постапките. Некои добри прилики доаѓаат накај вас. Во љубовта ќе ви се допадне лице кое е доста неодлучно.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можеби ќе имате потреба да истражувате некои нови можности на деловното поле. Бидете малку посериозни. Во љубовта не ви се допаѓа љубомората која ја покажува вашиот партнер.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можете да очекувате промени на полето за финансии. Малку сте разочарани, а всушност немате потреба. Во љубовта викендот е поволен за заедничко уживање со партнерот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Очекувајте прилично напорен викенд, многу обврски чекаат на вас. Во љубовта во моментов ќе немате време за партнерот и неговите грижи, па ќе го ставите малку на пауза.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Викендот ќе го поминете во уживање бидејќи ќе немате буквално никакви обврски. Доколку сте слободни можно е ново познанство со некое романтично и емотивно лице.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Очекувајте максимална поддршка од околината, ќе бидете полни со интересни идеи. Во љубовта слободните ги очекува комуникација со ново лице, а зафатените ќе бидат во хармонија.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Размислувате за деловни промени но сеуште не сте подготвени да ги реализирате. Во љубовта можно е да се појави некое лице од минатото и буквално да ви досадува.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можете да бидете пред прилика за некоја хонорарна работа. Дополнителната заработка ќе ви донесе среќа. Во љубовта ќе балансирате во комуникацијата меѓу саканото лице и семејството.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе добиете добар совет од некоја личност во која имате доверба. Ќе донесете коректна и точна одлука во врска со работата. Слободните не се сигурни дали се подготвени за нова љубов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП