28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСреде туристичка сезона: Авиокомпанија откажа 112 летови

Среде туристичка сезона: Авиокомпанија откажа 112 летови

Шпанската авиокомпанија Vueling откажа 112 летови најавени за претстојниот викенд на аеродромот El Prat во Барселона поради штрајк на копнениот персонал.

За сабота, 24 август, компанија откажа 46 летови, a за недела 66.

Штрајкот стапува во сила во екот на туристичката сезона во која Барселона бележи пораст на бројот на туристи во однос на минатата година.

Vueling проценува дека тоа би можело да влијае на 18.000 патници на кои им било понудено преместување на летовите или враќање на парите.

Летовите беа откажани откако работниците на Iberia, транспортна авиокомпанија на Vueling, започна штрајк.

На аеродромот во Барселона работат околу 2.500 нивни вработени кои примаат багаж, контролираат билети и одржуваат авиони.

Тие обезбедуваат аеродромски услуги на Vueling, кои обично во викендите ги има помеѓу 600 и 700 летови во Барселона.

Управата и синдикатот на Iberia во средата не постигна договор за плати и работни услови, така што летовите би можеле да бидат откажани и во петок 30 август и сабота 31 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП