26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen го менува логото

Volkswagen го менува логото

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen го претстави во четвртокот новото лого во кое сака да изгради имиџ на компанијата ангажирана во заштитата на животната средина и да се справи со скандалот со лажирање на податоците за издувни гасови од дизел автомобилите од 2015 година.

Volkswagen е на патот кон мобилноста без емисија на штетни гасови за сите, изјави менаџерот на брендот Ралф Брандштетер.

Целта на германскиот производител на автомобили според Брандштетер е да стане светски лидер во е-мобилност и до 2025 година да продава по еден милион електрични возила годишно.

Во Volkswagen се надеваат дека нивниот електричен модел ID.3 ќе достигне популарност на поранешните Buba и Golf.

Со новиот редизајн логото го изгуби тродимензионалниот ефект и буквата ”W” повеќе не е поврзано со горното ”V”.

”Веруваме дека создадовме икона”, изјави директорот за маркетинг на VW.

Компанијата започна да работи на редизајн на брендот во 2015 година, пред да избие скандалот со лажните податоци за издувни гасови од дизелите.

”Со новото лого сакаме да изградиме добра репутација во општеството”, истакна Брандштетер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП