5 јули, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЊујорк доби свој домејн - .nyc

Њујорк доби свој домејн – .nyc

nyork

Најверојатно новата борба за домејните е пред нас со оглед дека Њујорк е првото место во Америка кое доби домејн од прва класа „.nyc“. Градоначалникот на градот Њујорк, Мајкл Блумберг лично ја објави оваа новост, а притоа истакна дека новиот домејн значително ќе им помогне на жителите и бизнисмените себеси да се претстават како вистински њујорчани.

Тој истакна дека тие сега ќе можат да се идентификуваат на интернет со градот Њујорк кој е еден од најмоќните брендови во светот. Одобрението за новиот домејн градот Њујорк го доби од Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN) уште во мај месец.

Оваа организација работи веќе неколку години на промовирањето на новите домејни кои ќе бидат повеќе локализирани домејни за градови, држави, организации,работи и слично и кои ќе се надоврзат на веќе постоечките како што се „.com“, „.org“, „.net“ и „.edu“.

„ICANN“ најави во февруари дека оваа година ќе лансира стотина нови домејни од прва класа, што ќе биде најголемото зголемување на домејни после многу години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар