24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПутин го испрати роботот Федор во вселената (видео)

Путин го испрати роботот Федор во вселената (видео)

Роботот Федор долг 189 см, е испратен во двонеделна мисија на Меѓународната вселенска станица.

Русија лансираше ракета во која роботот со прекар Федор има за цел да им помогне на астронаутите на станицата.

Официјалното име на Федор е Skybot F850 и е првиот робот што Русија го испратила во вселената.

Тој полета во Сојуз МС-14 во 6:38 часот по московско време од космодромот во Казахстан. Сојуз би требало да пристигне во вселенската станица во сабота и да остане таму до 7 септември.

Федор немаше човечка придружба во Сојузот, ставен во специјално адаптирано пилотско седиште, со руско знаме во раката.

”Одиме, одиме”, се слушна роботот за време на полетувањето, очигледно повторувајќи ја познатата фраза од првиот човек во вселената Јуриј Гагарин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП