19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска Банка АД Скопје со добивка од над една милијарда денари за...

Стопанска Банка АД Скопје со добивка од над една милијарда денари за првото полугодие

Во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.171.487 илјади денари, што претставува намалување за 38,8% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018, кога СБ склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат.

Нето приходите од камати изнесуваат 1.819.754 илјади денари, односно се намалени за 4,3% во однос на истиот показател од 2018 година, при што приходите од камати забележаа намалување од 5,2%, додека расходите од камата забележаа намалување од 10,2%.

Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 537.114 илјади денари и се повисоки за 7,8% од истите во 2018 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од услугите.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 42.909 илјади денари и се намалени за 29,4% во однос на претходно анализираниот период, пред се како резултат на намалувањето на маргините.

Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 15,1%, додека останатите расходи од дејноста забележаа зголемување за 11,4%.

Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 420.073 илјади денари.

Во анализираниот период СБ покажа исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 410.916 илјади денари соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Загубатата поради оштетување на нефинансиски средства, на нето основа изнесува 6.152 илјади МКД.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП