24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФлексибилниот Motorola Razr во Европа пристигнува во текот на декември!

Флексибилниот Motorola Razr во Европа пристигнува во текот на декември!

Одамна се шпекулира дека Motorola планира да ја оживее Razr линијата, чиј најнов член ќе биде првиот флексибилен телефон на компанијата. Сега се појавија нови детали за уредот. Како што и се очекуваше, станува збор за модел со среден опсег, кој во Европа би требало да биде објавен овој декември или јануари следната година. Цената на телефонот ќе биде 1500 евра.

Флексибилниот Motorola Razr ќе се витка на начин на кој тоа го правеа и традиционалните Razr модели. Исто така, ќе има помал екран надвор, кој ќе прикаже известувања и статус на иконите.

Претходно гласините сугерираа дека новиот Razr ќе има Snapdragon 710 чипсет, 4GB/6GB RAM, 64GB/128GB простор за складирање, а ќе се напојува со 2730mAh батерија. Екранот на телефонот од 6,2 инчи ќе има 2142 x 876p резолуција, додека надворешниот панел ќе има 800 x 600 пиксели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП