25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп има ,,ас во ракавот'': Ќе добиеме од ЕУ сè што бараме

Трамп има ,,ас во ракавот”: Ќе добиеме од ЕУ сè што бараме

Американскиот претседателот, Доналд Трамп, изјави дека од Европската унија ќе добие сè што бара затоа што има „адут во ракавите“ – воведување на царини на европските автомобили.

”Преговорите со Европската унија се многу тешки, тие енергично ги бранат своите интереси”, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа во вторникот.

”Нашата земја е сепак во предност, а сè што треба да направиме е да ги оданочиме нивните автомобили и тие ќе ни дадат сè што бараме, затоа што преку океанот испраќаат милиони мерцедеси. Испраќаат милиони BMW”, истакна Трамп, објави CNBC.

Оваа заканата доаѓа откако Трамп на почетокот на овој месец потпиша договор со ЕУ за зголемување на извозот на американско говедско месо, со што делумно ја ублажи позицијата на американските земјоделци кои се силно погодени од засилувањето на трговската војна помеѓу САД и Кина.

Се проценува дека, како резултат на тој договор, годишниот безцарински извоз на американско говедско месо во ЕУ речиси тројно ќе се зголеми на 420 милиони долари.

Претседателот на САД вети на почетокот на оваа година ќе воведе тарифи на увоз на возила и делови за автомобили од ЕУ и Јапонија, но кон средината на мај се одлучи да ја одложи царината за 180 дена.

Трамп треба да се сретне со лидерите на ЕУ на самитот Г-7 овој викенд во Франција. Многумина очекуваат самитот да заврши без заедничко соопштение поради трговските несогласувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП